15
Каталонскиот клуб одигра уште еден убедлив натпревар и ги освои планираните три бода од мечот со Рајо Ваљекано победувајќи со 5-2.
Мечот не почна најдобро за Барса, по само 12 минути игра Камело постигна гол за водство на Рајо од 1-0.
Но, брзо се случи пресврт, Рафиња во 19. минута израмни на 1-1, а две минути подоцна Ламин Јамал погоди за водство на Барселона од 2-1.
По шест минути игра во вториот дел Лејеун си постигна автогол за 3-1, а потоа Камело го врати Рајо во живот погодувајќи за 3-2.
Рафиња во 71. минута зголеми на 4-2 и ги реши дилемите околу победникот, во 90. минута Ламин Јамал ги постави конечните 5-2.