„Каталонците“ не се подготвени да платат 30 милиони евра за ангажман на Маркус Рашфорд, разгледуваат неколку опции, а последните информации велат за шокантно враќање на Ансу Фати.
Маркус Рашфорд се покажа во одлично светло на Камп Ноу, Англичанецот дури е подготвен и да прифати помала плата за да продолжи во дресот на Барселона, но на Деко и Жоан Лапорта им се гледаат многу 30-те милиони кои треба да се платат за перманентен трансфер.
Па „каталонците“ размислуваат за поевтини опции, и изминатиов период се поврзуваа со Абде Езалзули од Бетис, Јан Вирхили од Мајорка и Виктор Муњоз од Осасуна.
Но последните информации ва Мундо Депортиво велат дека може да се случи шокантно враќање на Ансу Фати.
Шпанецот требаше да биде новата ѕзвеза на Барселона, но честите повреди го спречија да го има напредокот кој многумина му го предвидуваа.
Тој оваа сезона во Монако потсети на талентот со кој располага, и се очекуваше да направи перманентен трансфер во малото кнежество вреден околу 11 милиони евра.
Но Мундо Депортиво сега пишува дека Ансу Фати одбива да каже ДА, и чека да види дали има шанси да се врати на Камп Ноу и да добие нова шанса од Ханси Флик.
По тешките години исполнети со повреди, добрите настапи во Франција повторно му ја вратиле самодовербата и вербата дека неговата приказна со Барселона се уште не е завршена. Тој се гледа себеси како идеално и бесплатно решение за левата крилна позиција, и дека совршено се вклопува во плановите на Барселона за поекономични засилувања.