Клубот од Камп
Ноу може да се најде во сериозни проблеми откако обвинителството денеска
поднесе пријава. Сомнителни се исплатите кон поранешниот потпретседател на
судискиот комитет, Енрикез Негреира кој добил околу 7,3 милиони евра во период
од 2001 до 2018 година.
Медиумите од
Шпанија пренесуваат дека УЕФА внимателно следи што се случува и постои можност Барса
да биде исфрлена од Лигата на шампиони за да не се наруши имиџот и репутацијата
на насјилното европско натпреварување.
Имано, членот 4 од
правилникот и дава на европската куќа на фудбалот можност да го отстрани секој
клуб кој на некој начин договорил или влијаел на резултатот на одреден
натпревар.
Токму за ова се
однесува пријавата против „каталонците“, обвинителството верува дека Барселона
имала таен вербален договор со Енрикез Негреира и милионските суми кои се
ислаќале служеле за судиски одлуки во корист на Барселона и влијание врз резултатите.
Останува да се
види дали УЕФА ќе повлече еден ваков драстичен чекор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.