Барселона конечно ќе се ослободи од Умтити, неочекуван клуб од Серија А е пред ангажман на дефанзивецот

by
1 минути читање

Барселона не
смета на Самуел Умтити, со години се обидува да му најде нов клуб на
дефанзивецот, но неговата висока плата често создаваше проблеми.

Но се чини дека
„каталонците“ конечно ќе се ослободат од Французинот откако неочекуван клуб од Серија А изрази желба да го донесе во своите редови. Неколку извори од Италија пренесуваат дека Лече прави сериозни напори да го ангажира дефанзивецот.

Новинарот Џанлука
Ди Марцио пренесе дека Самуел Умтити е на чекор до Лече и зделката може да биде
финализирана во следните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×