77
Според Фабрицио Романо, бордот на Барселона работи да најде решение како да го донесе Жоао Феликс без да биде нарушен Финансискиот фер плеј.
Португалецот јавно кажа дека Барселона му е омилен клуб и сака да игра за нив, па Каталонците ќе се обидат тоа да го направат реалност.
Доколку не успеат, Феликс би можел оваа сезона да ја помине во Саудиска Арабија каде преодниот рок трае до 20 септември.
Се верува дека Жоао Феликс заврши со Атлетико Мадрид, неговиот однос со Диего Симеоне е лош и тешко може повторно да заигра за овој тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.