Наскоро на играчите на Барселона треба да им се приклучат уште две засилувања од Премиерлигата, Бернардо Силва од Манчестер Сити и Маркос Алонсо од Челси.
Пеп Гвардиола вели дека сака да го задржи Силва, но нема да оди против желбата на фудбалерот, а тоа наговестува дека трансферот е блиску.
„Би сакал Бернардо да остане, но… не знам што ќе се случи. Фудбалерите понекогаш имаат желба и јас не сум човекот кој би ја сопрел нивната желба“, вели Пеп Гвардиола.
Покрај Бернанрдо Силва, од Англија во Шпанија ќе отпатува и Маркос Алонсо.
Барселона нема да го добие Цезар Аспиликуета кој потпиша нов договор со Челси, но Алонсо ќе замине на Камп Ноу.
Откако го договори трансферот на Кукуреља, Челси е подготвен да го продаде Алонсо на Барселона и тоа треба да се случи во наредните денови.