Барселона ја одбила првата понуда на Атлетико за решавање на „случајот Гризман“

by
1 минути читање

Антоан Гризман оваа сезона натпреварите ги започнува од клупата за резерви, секогаш во игра влегува по 60. минута и на терените поминува помалку од половина час.

Атлетико Мадрид верува дека со ваква шема нема да ја активира клаузулата со која ќе бидат обврзани да го купат напаѓачот за 40 милиони евра.

Барселона пак поинаку гледа на работите, смета дека веќе се исполнети условите за трансфер на Антоан Гризман, и се закануваат со тужба.

За целиот случај да не заврши на суд, Атлетико Мадрид понудил компромис, односно за 20 милиони евра да го направи перманентен трансферот на Антоан Гризман.

Сепак, Барселона смета дека оваа сума е прениска и го одбила првиот предлог на „колчонероси“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×