196
Роберт
Левандовски утрово уредно се пријави во Баерн за стартот на подготовките за новата сезона,
но Полјакот веројатно нема долго да се задржи во Минхен.
Новинарот Флоријан
Платенберг објави дека се очекува Барселона во текот на денешниот ден да
испрати финална понуда, „каталонците“ на маса ќе стават 50 милиони евра плус
бонуси.
Тој додава дека
Баерн Минхен е подготвен да го продаде напаѓачот за 50-55 милиони евра, па
големи се шансите до крајот на неделата да падне договор за трансфер на Роберт
Левандовски.
Парите од оваа
зделка, „баварците“ ќе ги инвестираат во ангажман на Матајс де Лихт од
Јувентус.