Искусниот германски голман Марк-Андре тер Штеген би можел да ја напушти Барселона ова лето, пренесува шпанскиот весник „АС“. Според информациите, управата на каталонскиот клуб, предводена од Жоан Лапорта, веќе не го гледа 32-годишниот Германец како дел од долгорочните планови.
Тер Штеген минатата сезона го одбележа десетгодишниот јубилеј во дресот на Барселона и по заминувањето на Серхио Роберто ја презеде капитенската лента, очекувајќи да има клучна улога во новиот проект на Ханси Флик.
Меѓутоа, повредата на стартот од сезоната ги смени плановите на клубот. Барселона реагираше со ангажман на Војчех Шченсни, кој се врати од пензија, но според „АС“, полскиот ветеран нема да биде долгорочно решение.
Планот на каталонците е идната сезона да му дадат шанса на талентираниот Жоан Гарсија, кој веќе го привлекува вниманието на големите европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид. Шченсни би останал како сигурна алтернатива, додека Тер Штеген би паднал на третото место во голманската хиерархија, сценарио кое е речиси незамисливо за играч со статус на капитен и важечки договор до 2028 година.