Барселона би
можела да се засили идниот месец со фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Адриен
Рабио, а Каталонците оваа операција би можеле да ја завршат успешно за само 5
милиони евра, пренесе Диарио.
23 годишниот
Рабио има договор со францускиот првак до јуни идната година, а доколку не се
реши неговиот статус околу договорот со тимот од Париз, идното лето би можел да
си замине како слободен играч на трансфер пазарот без обештетување.
Со оглед на
фактот што на лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, извесно е дека
ПСЖ ќе се согласи на пониско обештетување во однос на цената на фудбалерот уште
во јануарскиот преоден рок.
Пред извесен
период Ле Парисиен пренесе дека Рабио веќе ги договорил условите за трансфер во
Барселона, а тоа го потврди и Ел Мундо Депортиво.