Барселона и Манчестер јунајтед договараат трампа во последните денови од преодниот рок

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ ова лето се обидоа да пазарат во Барселона, пројавија сериозен интерес за Френки де Јонг, но не успеаја да го убедат Холанѓанецот да се персели на Олд Трафорд.

Потоа се пишуваше дека Манчестер јунајтед пројавува интерес за услугите на Мемфис Депај, за последните информации да говорат за трампа помеѓу двата клуба.

Во зделката треба да бидат инволвирани Сержињо Дест и Арон Ван Бисака, фудбалери кои не се во плановите на Чави, односно Ерик тен Хаг.

Како што пренесува Спорт, преговорите се интезивирале во последните часови и големи се шансите да биде пронајдена формула пред крајот на преодниот рок.

Се разгледува можноста за двајцата играчи да направат перманентни трансфери, но и можноста да бидат на позајмица една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×