Рафиња е трето
засилување за Чави ова лето, по долги преговори, Барселона и Лидс си подадоа
рака на почетокот од неделава па Бразилецот во средата пристигна во Шпанија да го
комплетира трансферот.
Попладнево офанзивниот
фудбалер стави потпис на договорот и беше промовиран на Камп Ноу.
„Чест ми е што
сум тука, можам да кажам само благодарам за шансата да го облечам дресот на
Барса. Многу мои идоли играа во Барселона и креираа историја. Би сакал и јас да
го повторам нивниот успех. Ми се оствари детскиот сон па ќе го дадам максимумот
за Барса да бележи успеси“ – рече Рафиња.
Барселона се уште
ги нема објавено деталите од зделката, се шпекулира дека трансфер сумата е 55
милиони фунти (околу 65 милиони евра) а Рафиња ќе се обврзе на четири години и
ќе добие откупна клаузула од 1 милијарда евра.