Резултатот го отвори Жоао Феликс уште во 25. минута, тоа беше деби гол за него во дресот на Барселона.
Седум минути подоцна Роберт Левандовски погоди за предност од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.
Во 62. минута Феран Торес постигна гол од слободен удар. Барселона немаше дадено гол директно од слободен удар уште од времето на Меси.
Четири минути подоцна Рафиња зголеми на 4-0. Тој влезе две минути претходно и веднаш постигна гол.
Конечните 5-0 беа дело на Жоао Феликс, кој со погодок во 81. минута ја заокружи одличната партија.
Денеска Атлетико Мадрид доживеа дебакл на гостувањето кај Валенсија каде загуби со 3-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.