245
Некои шпекулации велеа дека Артур во Барселона ќе оди за 60 милиони евра, други за 70 милиони евра, но ни едните, ни другите не беа во право. Сумата е дури 82 милиони евра, 72 милиони плус десет во бонуси.
„ФК Барселона и Јувентус постигнаа договор за трансфер на фудбалерот Артур Мело. Италијанскиот клуб ќе плати 72 милиони евра, плус 10 милиони евра. Играчот ќе остане во Барселона до крајот на официјалните натпреварувања од оваа сезона“, стои во соопштението на Барселона.
Наскоро треба да биде потврден и трансферот на Пјаниќ. Се верува дека Барса и Јуве ги билдаат цените на двајцата фудбалери и за придобивки во финансискиот фер плеј.