Барселона го победи Сосиедад и се качи на второто место! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Барселона брзо ја врати втората позиција која ја загуби по меѓусебниот дуел со Жирона, Каталонците го победија Реал Сосиедад со 2-0.

Резултатот беше отворен во 40. минута по една убава акција на Барселона. Левандовски мајсторски додаде до Гундоган кој асистираше до Јамал, а тој погоди за водство на домаќините од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Рафиња од пенал во третата минута од судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани