329
Пред самиот крај на првото полувреме Рафиња даде гол за водство на Барселона од 1-0. Во прв момент судиите мислеа дека е офсајд, но со ВАР се виде дека станува збор за регуларен гол.
Во самиот финиш од мечот се случи вистинска инвазија од напади кон голот на Барселона. Во 87. минута Инаки Вилијамс даде гол за 1-1, но му беше поништен поради игра со рака на почетокот од акцијата.
На крајот Барса имаше и среќа откако домаќините не реализираа идеални шанси за гол. Но трите бода за каталонците се заслужени.
По 25 одиграни кола, Барселона има девет бода повеќе од Реал Мадрид.