Како што пренесува Мундо Депортиво, Барселона ќе тропне на вратата на Атлетико Мадрид по крајот на Светското првенство и ќе достави нова понуда за ангажман на Хулијан Алварез, но таа нема да биде поголема од 100 милиони евра како фиксен дел.
„Каталонците“ го идентификуваа Хулијан Алварез како топ засилување ова лето, но Атлетико Мадрид не сака да слушне за продажба на Аргентинецот.
Тензијата дополнително порасна кога самиот играч јавно изјави дека сака да ја промени средината.
Како што пренесува Мундо Депортиво, Барса чека да заврши Светското првенство за да тргне во нова офанзива.
Но клубот од Камп Ноу нема да прави луди работи, односно лимитот на понудата е поставен на 100 милиони како фиксен дел.
Сепак, на оваа сума може да бидат додадени бонуси поврзани со игрите на Хулиајн Алварез и освоените титули, или евентуално да биде вклучен некој играч во зделката како Марк Касадо, Феран Торес или Роналд Араухо.