Барселона должи 207 милиони евра за трансфери, приоритет е еден фудбалер

by
1 минути читање

Барселона должи 207 милиони евра за трансфери, најголемиот дел од сумата е за засилувањата од 2022 година. 89 милиони евра се водат како краткорочен долг, а 118 милиони евра се долгорочен долг.

Критично е за еден фудбалер, односно Рафиња. Лидс се закани дека ќе тужи доколку Барселона не ги подмири обврските. Клубот од Камп Ноу за услугите на Бразилецот треба да плати 24 милиони оваа година, и уште 38 милиони евра во иднина.

За Роберт Левандовски треба да бидат платени 10 милиони евра оваа година, и уште 21 милион евра во иднина. За Ферен Торес треба да се платат 13 милиони евра оваа година, и уште 26 милиони евра во иднина.

За Жил Кунде треба да бидат платени 11 милиони евра оваа сезона, и уште додатни 24 милиони евра во иднина. 

Барселона должи пари и за трансферот на Френки де Јонг, на Ајакс треба да му се исплатат уште 16 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани