Роберто Фирмино ги
одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, нема да продолжи на
Енфилд, па изминатиов период често има шпекулации за неговата иднина.
Оваа недела имаше
гласини дека Барса и Реал Мадрид ќе водат битка за неговиот потпис, а Дејли
Мејл денеска објави дека „каталонците“ испаднале како победници и Бразилецот
летоска беспари ќе се пресели на Камп Ноу.
Сепак, новинарот
Жерард Ромеро вели дека нема вистина во ваквите написи, односно нема договор
помеѓу двете страни бидејќи Роберто Фирмино бара многу пари.
Тој додава дека Жоан
Лапорта се обидува да му донесе нов напаѓач на Чави, младиот Витор Роке е
приоритет и само доколку оваа зделка пропадне, „каталонците“ ќе се насочат на други
играчи како Роберто Фирмино или Пјер Емерик Обамејнаг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.