Барселона 5-0 Челси (ФОТО)

by
1 минути читање

Каталонскиот Спорт
излезе со интересен наслов „Барселона 5-0 Челси“, весникот алудираше на ударите
кои клубот од Камп Ноу им ги зададе на „сините“ на трансфер пазарот.

Барселона прво го
ангажираше Андреас Кристенсен, кој реши да се пресели во Шпанија наместо да
продолжи на Стемфорд Бриџ.

„Каталонците“
потоа на Челси му го украдоа Рафиња, „сините“ договорија трансфер со Лидс
вреден 60 милиони фунти, но Барса ја искористи желбата на Бразилецот и го
донесе во своите редови.

Барса исто така
успеа да го убеди Осман Дембеле да стави потпис на нов договор со значително
помала плата, Французинот беше една од желбите на Томас Тухел за засилување на нападот.

Челси пројави
интерес и за Роберт Левандовски, но Полјакот во мислите ја имаше само Барселона
и упорно чекаше „каталонците“ да се договорат со Баерн Минхен.

Последниот удар е
со трансферот на Жил Кунде, Челси и Севиља се договорија за зделка вредна 55
милиони фунти, и кога се чинеше дека Французинот се сели во Лондон, Барселона
замеша присти и сега е пред потпис со дефанзивецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани