Барса загриза за марокански фудбалер – крои планови како да го добие во јануари

by
1 минути читање

22-годишниот фудбалер од средниот ред станува сериозна мета на Барселона, него на прес конференција го потенцираше и Луис Енрике кога рече: „Осмицата на Мароко“.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона разгледува како може да дојде до неговиот потпис иако нивната финансиска ситуација не е розова.

Азедин Унахи игра за Анже, таму дојде летото 2021 година, а на три месеци пред Светското првенство доби продолжување на договорот, актуелниот му трае до 2026 година.

Но, Анже е во долниот дел од табелата во Франција, па се верува дека за некоја коректна сума ќе го пушти фудбалерот да замине.

Каталонскиот медиум пишува дека може да биде проблем платата која ја бара фудбалерот.

Нема да биде чудно доколку Барселона наскоро добие и конкуренција за потписот на Азедин Унахи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани