Барса во Манчестер Сити мерка засилување за нападот, но тоа нема да биде Халанд

by
1 минути читање

На Камп Ноу во јануари ќе пристигне перспективниот Витор Роке, но раководството на Барселона планира да донесе уште еден напаѓач поради тоа што Роберто Левакдовски е во поодминати години, а и лесно може да се случи Полјакот да прифати некоја богата понуда од Саудиска Арабија.

Како што пренесува Спорт, Деко и неговите соработници во Манчестер Сити меркаат засилување, но тоа нема да биде очигледниот избор – Ерлинг Халанд.

„Каталонците“ се импресионирани од Хулиан Алварез и неговата сестраност да игра на неколку позиции во форот, па Аргентинецот е идинтификуван како идеално засилување.

Наводно и цената му е пристојна, имал откупна клаузула вредна околу 50 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×