1,4K
Агентот на Френки де Јонг ќе има нова средба со раководството на Барселона на која ќе се бара решение за ситуацијата на фудбалерот од средниот ред.
Холанѓанецот оваа сезона има плата од 22+ милиони евра, сума која Барселона не може/не сака да ја плата.
Се говори дека „каталонците“ му поставиле ултиматум на Френки де Јонг, односно играчот или ќе треба да прифати 50% намалување на платата, или да си ги спакува куферите и да замине од Камп Ноу.
Манчестер јунајтед и Челси пројавуваат интерес за неговите услуги, двата клуба се подготвени да платат 80+ милиони евра.