Барселона лесно, како што и се очекуваше го победи Феенорд со 5-1, Шртугат со три гола на Демировиќ дојде до триумф над Викинг со 3-1 во првите денешни натпревари од Лигата на шампионите.
Дека Барселона нема да се мачи на овој меч стана јасно по само три минути игра кога Рафиња излета двајца играчи на Феенорд и постигна мајсторски гол за водство од 1-0.
На вториот гол се чекаше до 22. минута кога Адејеми реализираше за 2-0, што беше и резултат по првото полувреме.
И во вториот дел првиот гол го даде Рафиња, погоди во 57. минута за 3-0.
Течеше 77. минута кога Ламин Јамал реализираше од слободен удар за 4-0. А пет минути подоцна Стеијн намали на 4-1.
Конечните 5-1 ги постави Габриел Жесус по само две минути откако влезе во игра. Тоа за него беше деби гол.
Штутгарт со 3-1 го победи Викинг. Сите четири голови беа постигнати во првото полувреме.
Шоу имаше босанскиот фудбалер Ермедин Демировиќ кој ги даде сите три гола за Штутгар. Погодокот за Викинг беше дело на Златко Трипиќ.