Барса со 30-40 милиони ќе исправа грешка стара 10 години?!

by bojan
1 минути читање

Скај Германија објави дека Барселона опипува терен за ангажман на Алех Грималдо од Баер Леверкузен, цената на левиот бек е 30-40 милиони евра.

Баер Леверкузен минатата сезона собори еден куп рекорди, па неколку играчи го привлекоа вниманието на гигантите ширум Европа.

Еден од нив е Алекс Грималдо, а како што пренесува Скај Германија, спортскиот директор на Барселона, Деко сега опипува терен за ангажман на левиот бек.

Неговата цена е околу 30-40 милиони евра, па останува да се види дали „каталонците“ се расположени да платат ваква сума за играч кој долги години беше член на нивната школа.

Алекс Грималдо од 2008 до 2012 беше дел од популарната „Ла Масиа“, потоа уште четири во Б-тимот на Барселона, но никогаш не стигна до првиот тим откако во јануари 2016 се пресели во Бенфика за скромни 1,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани