Иднината на Феран Торес на Камп Ноу се комплицира, Манчестер Сити има клаузула според која треба да добие околу 8 милиони евра доколку напаѓачот стави потпис на нов договор со Барселона.
Изминативе денови се појавија голем број на шпекулации кои велеа дека ПСЖ прави обиди да го ангажира Феран Торес, Шпанецот е лично барање на тренерот Луис Енрике за засилување на офанзивата.
Феран Торес е под договор со Барселона до јуни 2027, па „каталонците“ се во незавидна позиција.
Последните информации велат дека целата ситуација дополнително се комплицира поради една клаузула во корист на Манчестер Сити.
Имено, на „граѓаните“ им следуваат 8 милиони евра како бонус доколку Феран Торес стави потпис на нов договор, и ова значи дека останување на напаѓачот на Камп Ноу значи дополнителен трошок за Барселона.
Во целата приказна е замешан и Атлетико Мадрид, наводно од таборот на популарните „јорганџии“ стапиле во контакт со агентите на Феран Торес и предложиле напаѓачот да ја одработи последната година од договорот со Барселона, и потоа бесплатно да се пресели на „Метрополитано“, секако за ова ќе добие богат бонус.