Барса сака да го купи фудбалерот кој ги тероризираше во полуфиналето во ЛШ – има цена од само 25 милиони

by bojan
1 минути читање

Барселона размислува за ангажман на Дензел Дамфрис од Интер, причината е откупната клаузула од само 25 милиони евра, која е активна до 15. јули.

Дензел Дамфрис беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампиони и пласманот на Интер во финале.

Десниот бек постигна два гола и забележа една асистенција во ремито од 3-3 на „Монжуик“, а потоа имаше и две асистенции на реваншот на „Меаца“ кој заврши со 4-3.

„Каталонците“ се добро покриени на десната бековска позиција со Жил Кунде, но го меркаат Дензел Дамфрис поради атрактивните услови под кои може да биде ангажиран Холанѓанецот.

Фудбалерот има откупна клаузула од само 25 милиони евра која е активна од 1. јули до 15. јули, и ова е одлична можност да се донесе квалитетно засилување без да биде потрошена огромна сума на пари.

ФОТО: X/Inter

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×