Баерселона и
понатаму е во финансиска криза, па кога се кројат планови за засилување на
тимот, акцент се става на фудбалерите кои ја одработуваат последната година од
договорот и можат да пристигнат беспари.
Пред неколку дена
се шпекулираше со името на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, а сега се говори дека во бележникот се наоѓа и Вилфред
Ндиди од Лестер.
По преселбата на
„лисиците“ во втора лига, Баерн Минхен и уште неколку други клубови изминатово лето пројавија
интерес за фудбалерот од средниот ред, но трансфер не се реализираше.
Веќе во јануари Нигериецот ќе може да потпише пред-договор, но Барселона нема да
има лесна задача, се говори дека и Атлетико Мадрид и Јувентус внимателно ја
следат ситуацијата на 26 годишниот Вилфред Ндиди.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.