На крајот од
јуни, Барселона објави дека „Сикст Стрит“ за почетна инвестиција од 207,5
милиони евра купил 10% од ТВ правата во Ла Лига во следните 25 години, зделката
на „каталонците“ ќе им донесе капителна добивка од околу 267 милиони евра.
Клубот од Камп
Ноу сега договори нова трансакција, „Сикст Стрит“ купи уште 15% проценти од ТВ
правата во Ла Лига. Детали од оваа зделка не беа откриени, но медиумите
шпекулираат дека условите се исти како претходната, односно се работи за сума
од 315 милиони евра и капителна добивка од околу 400 милиони евра.
Сепак, се верува
дека ниту оваа зделка не е доволна за Барселона да може да ги регистрира летните
засилувања.
„Каталонците“
сега ќе треба да се разделат со неколку играчи и да отворат простор во сметката
за плати, или пак да продолжат да продаваат имот, односно одреден процент од „Барса
Студиос“ за да се приберат 100+ милиони евра.