Барса преговараше да си го врати големиот талент но Јуве се предомисли и го продаде во Манчестер Сити

by
1 минути читање

Пабло Морено важеше
за еден од најперспективните играчи во школата на Барса, но пред две години
реши да ја напушти „Ла Масиа“ и среќата да си ја побара во Јувентус во трансфер
вреден 700.000 евра.

Во преговорите за
трампата помеѓу Артур и Пјаниќ, „каталонците“ се обидоа да го вратат
перспективниот играч во своите редови.

Сепак, Јувентус
има други планови, Пабло Морено ќе биде продаден на Манчестер Сити за 10
милиони евра, или подобро кажано, ќе биде трампан за Феликс Кореја, талентираниот
Португалец ќе се пресели во Торино.

„Ги собори сите
рекорди на Бојан Кркиќ во академијата. Се работи за многу добар фудбалер со
блескава иднина“
– велат луѓето кои работеле со Пабло Морено во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×