Барса прави пресметки за трансферот на Бернардо Силва, на Сити максимум можат да му понудат 65+10 милиони

by
1 минути читање

Се шпекулира дека
Чави бара три засилувања до крајот на преодниот рок а Бернардо Силва е топ
трансфер желба на тренерот на Барселона.

На Камп Ноу веќе
почнале да прават пресметки и веруваат дека со продажба на Осман Дембеле, Франк
Кеси, Клемен Ленгле и процент од имотот (Барса Студиос) ќе се ослободат средства
за да се достави понуда вредна 65 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во
бонуси.

Манчестер Сити
веќе одби 80 милиони евра од ПСЖ за услугите на Бернардо Силва, па се чини дека
овој предлог е осуден на пропаст уште во стартот.

Барселона сепак
се надева дека добриот однос помеѓу двата клуба им дава одредени шанси, а
„каталонците“ исто така се надеваат дека и самиот Бернардо Силва ќе изврши
притисок за трансфер на Камп Ноу.

Во меѓувреме, Пеп
Гвардиола порача дека ќе сторат се за да го задржат Бернардо Силва, но во исто
време рече дека нема да задржат фудбалер кој не сака да биде на Етихад.

„Не сакам играчи
кои не сакаат да бидат тука. Но треба да добиеме права понуда. Доколку го
сакаат, ќе треба да се качат во авион и да дојдат на преговори со нашиот клуб“

рече тренерот на Манчестер Сити.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×