Барса потроши најмногу ова лето на засилувања, во топ 10 нема ниту еден клуб од Серија А (ФОТО)

by
1 минути читање

Барселона искажуваше
големи загуби изминативе сезони, долговите пораснаа на 1,3 милијарди евра, но и
покрај тоа „каталонците“ се расфрлаат со пари. Беа продадени 25% од ТВ правата
во Ла Лига во следните 25 години, во касата влегоа преку 500 милиони евра па
клубот од Камп Ноу е прилично активен на трансфер пазарот.

Според британската
верзија на специјалзираниот сајт Трансфермаркт, на нешто повеќе од еден месец
до крајот на летниот преоден рок, Барселона одвоила најмногу пари на
засилувања, „каталонците“ имаат нето потрошувачка од 130 милиони евра (парите
потрошени за нови играчи – парите добиени од продажба на играчи).

Во топ 10 има
дури 7 клубови од Премиерлигата, помеѓу кои и повратникот во елитата, Нотигнгем
Форест.

Интересно, во топ
10 нема ниту еден клуб од Серија А, ниту пак од Германија. И покрај тоа што
Баерн Минхен потроши преку 100 милиони евра, поголемиот дел од сумата е
покриена со продажба на играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани