Барса поради Кулушевски остана без планирано засилување, талентираниот Бергвал ги извиси „каталонците“

by
1 минути читање

Лукас Бергвал во
средата летна во Барселона, имаше средба со спортскиот директор Деко, се
запозна и со тренинг центрите на „каталонците“ и се чинеше дека прашање на
време е само кога ќе пристигне потврда за негов трансфер.

Но талентираниот
фудбалер од Шведска ја извиси Барселона и реши кариерата да ја продолжи во редовите на
Тотнем.

Заслуга за ова
има и Дејан Кулушевски, кој потекнува од Македонија, но реши да игра за
Шведска.

Напаѓачот денеска
го пречекал Лукас Бергвал во Лондон, разговарал со младото момче, му раскажал
се за Тотнем и како е да се работи под водство на Анге Постеколу.

Па Лукас Бергвал вечерва ја известил Барселона дека кажал ДА на „спарси“. Се очекува во петок да ги
помине редовите лекарски прегледи и да стави потпис на договорот. Тотнем за
неговите услуги ќе платат 10+ милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×