Барса почна со кратењето плати, Серхи Роберто потпиша нов договор со 60% помали примања

by
0 минути читање

Барселона планира да скрати околу 160 милиони евра од сметката за плати, се шпекулираше дека од одредени фудбалери ќе биде побарано да прифатат и 50% помала плата.

Прв кој прифати кратење е Серхи Роберто, третиот капитен денеска стави потпис на договор до јуни 2023 и во иднина ќе заработува и до 60% помалку.

Спорт и МД пренесуваат дека неговата плата ќе биде 5 милиони евра бруто плус бонуси, што е значително помалку од она што го добива во моментов, односно 12 милиони евра бруто плус бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×