„Каталонците“ се во потрага на фудбалер од средниот ред кој ќе може да го замени Серхио Бускетс и се верува дека прв избор на Чави е Мартин Зубименди.
Но играчот е прилично скап, Реал Сосиедад бара да се активира откупната клаузула од 60 милиони евра и не сака да слушне за никаков компромис.
Се говореше дека втора опција е Џошуа Кимих од Баерн Минхен, но и „баварците“ немаат намера лесно да се откажат од него и бараат многу пари.
Марсело Брозовиќ потоа стана главна цел, но Хрватот е пред преселба во Саудиска Арабија и Барса мора да разгледува други алтернативи.
Една е ветаранот Дани Парехо од Виљареал, кој ќе чини неколку милиони поради специјална клаузула во неговиот договор. Барса веќе му понудила соработка на 1+1 години и Чави разговарал со искусниот Шпанец.
Дани Парехо бара две загарантирани години, но се очекува во следниот период да биде постигнат компромис и двете страни да си подадат рака.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.