Барса нема да даде 30 милиони евра за Рашфорд, а ќе го купи Гордон за 80 милиони евра!?

by riste
1 минути читање

Барселона е блиску до трансфер на Ентони Гордон од Њукасл, но оваа зделка е предмет на голема дебата меѓу навивачите на каталонскиот тим.

Маркус Рашфорд имаше одлична сезона во дресот на Барселона, а клубот може за 30 милиони евра да го откупи целосно од Манчестер Јунајтед.

Но, веројатно тоа нема да се случи. Наместо да го откупат Рашфорд, тие тргнуваат по Гордон кој има цена од 70 милиони евра, плус бонуси со кои цената би достигнала до 80 милиони евра.

Нејасно е зошто Барселона во финансиска криза би платила 50 милиони евра повеќе за фудбалер кој и не е подобар од Рашфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×