Баерн Минхен наметнува
кандидатура за титулата во Лигата на шампионите. Избраниците на Ханси Флик
вечерва уште еднаш го растурија Челси и со вкупни 7-1 се пласираа на Ф8
турнирот во Португалија.
Роберт
Левандовски го отвори резултатот по десет минути игра, Полјакот од пенал погоди
за 1-0. Во 24. минута од мечот, Челси загуби
топка во опасната зона, а Роберт Левандовски му асистираше на Иван Перишиќ за
2-0.
Пред крајот на
првиот дел, Тами Абрахам намали на 2-1, но тоа беше се што сторија гостите.
По половина час
игра во вториот дел, Левандовски му додате на Толисо за 3-1, за голгетерот во 83.
минута да ги постави конечните 4-1. За Левандовски ова беше 53-ти гол оваа
сезона, односно 13-ти во Лигата на шампионите.
Следен противник на Баерн Минхен е Барселона, „каталонците“ треба да бидат загрижени од игрите кои ги прикажува шампионот на Германија.