Синоќа се
појавија информации дека ПСЖ сака да го ангажира Осман Дембеле како замена за
Килијан Мбапе, а кратко потоа излегоа и гласини дека „светците“ го меркаат и
Педри.
На Камп Ноу се
релаксирани кога е во прашање иднината на Шпанецот, тој во моментов нема желба
да замине а и откупната клаузула е недостижна за речиси ниту еден клуб и изнесува 1
милијарда евра.
Но „каталонците“
стравуваат дека Осман Дембеле може да има направи проблем, неговата откупна
клаузула до 31. јули изнесува само 50 милиони евра. И за ситуациајта да биде
уште полоша, на Барса ќе и припадне само половина од оваа сума, останатите 25
милиони евра ќе ги поделат играчот и агентот.
Тоа би значело
дека Барселона ќе има прилично ограничени ресурси за да најде квалитетно
замена за Французинот.
Сега се е во
рацете на Осман Дембеле, парите кои му ги нуди ПСЖ во овој момент нема шанси да
ги добие во Барса.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.