Барса не се откажува, во Милано клучни средби за трансфер на Лаутаро Мартинез, разликата е 20 милиони

by
1 минути читање

Лаутаро Мартинез со месеци се најавуваше како наследник на Луис Суарез, се говореше дека играчот веќе се договорил со Барселона и останува уште само „каталонците“ да си подадат рака со Интер.

„Нероаѕурите“ постојано упатуваа на откупната клаузула од 111 милиони евра, сума која Барса нема намера да ја плати. Со доаѓањето на Роналд Куман, се говори дека Мемфис Депај е прва желба, а се пишуваше и дека Лаутаро Мартинез полека се предомислува поради одлуката на Лео Меси да замине.

Сепак, денешното издание на Спорт вели дека Лаутаро Мартинез останува цел број еден и во следните денови неговите агенти ќе пристигнат во Милано и ќе се обидат да издејствуваат трансфер.

Весникот додава дека ова ќе биде клучна недела, но и дека разликата е прилично голема. Барселона е подготвена да плати 65 милиони евра плус еден фудбалер, додека пак Интер бара минимум 85 милиони евра плус еден фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×