80
„Каталонците“
пред своите фанови лесно ја анулираа негативата од првиот натпревар и го
чекираа билетот за полуфинале.
Резултатот беше
отворен во 9. минута, Видал одлично нафрли од десната страна а Луис Суарез со
глава рутински ја затресе мрежата на Еспањол за 1-0.
Потоа на сцена
стапи Лео Меси, Аргентинецот освои една топка на работ од шеснаесетникот,
веднаш биеше а топката закачи еден дефанзивец на гостите и го измамни голманот
на Еспањол за 2-0
Барса продолжи да
притиска и по водството од 2-0, домаќините имаа неколку добри шанси, но Лопез и
рамката од голот не дозволија трет погодок.