Барса не доби пенал, а потоа Педри изведе мајсторија за водство во „Ел Класико“! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

„Ел Класико“ во финалето на Копа дел Реј не разочара и уште во првиот половина час понуди доста материјал. Барселона го притискаше Реал Мадрид и беше подобра, а имаше неколку добри шанси.

Првиот момент вреден за издвојување беше играта со рака на Федерико Валверде. Уругваецот беше во пад и нема сомнеж дека ненамерно ја стопира топката со рака. Судиите одлучија дека нема елементи за најстрога казна и ги налутија каталонците.

Сепак, радост за Барселона и нејзините навивачи донесе Педри. Течеше 28. минута, акцијата се одвиваше по десната страна и ја водеше Ламин Јамал. Младото крило имаше добар преглед на играта и одложи до Педри, а овој со перфектен удар го отвори резултатот (1-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани