921
Барселона попладнево соопшти дека младиот дефанзивец Пау Кубарси ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност до 2029 година.
„Каталонците“ обезбедија уште еден важен потпис, 18 годишниот Пау Кубарси ја продолжи соработката.
„Барселона и Пау Кубарси договорија продолжување на договорот со кој дефанзивецот ќе остане до јуни 2029 година“ – гласеше известувањето.
Клубот од Камп Ноу не откри повеќе детали, а како што пренесуваат медиумите, откупната клаузула на Пау Кубарси ќе остане исто како претходно – 500 милиони евра.