Барса може да добие казна од УЕФА поради прекршување на Финансискиот фер-плеј!

by riste
1 минути читање

Според „Тајмс“ каталонскиот клуб втора година по ред ги прекршува правилата за Финансиски фер-плеј и поради тоа овојпат може да заработи сериозна казна од УЕФА.

Истиот извор пренесува дека и Челси и Астон Вила може да бидат санкционирани поради прекршување на ФФП, но нивната казна би била поблага бидејќи ова е нивно прво прекршување.

Казната што ѝ се заканува на Барселона може да биде ограничување на бројот на фудбалери кои ќе може да ги регистрира за натпреварување или пак одземање на бодови од следната сезона.

Во октомври, Барселона загуби жалба пред Спортскиот арбитражен суд (CAS) во врска со казна од 500.000 евра за погрешно прикажување на својата добивка. Судот тогаш изјави дека казната е блага, но го предупреди клубот дека второ прекршување ќе донесе посериозни санкции.

„CFCB (Комитетот за финансиска контрола на клубовите) нагласува дека слично прекршување од страна на клубот во мониторинг-процесот за сезоната 2023/24 ќе се смета за повторно дело и ќе се разгледа воведување на построга дисциплинска мерка за ФК Барселона“, стоеше тогаш во одлуката на CAS.

„Тајмс“ тврди дема во меѓувреме второто прекршување веќе се случило. УЕФА во наредните неколку недели ќе ги објави деталите за клубовите кои не ги испочитувале финансиските правила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани