Барса ќе го продаде Де Јонг, но Манчестер јунајтед нема да биде купувачот

by
1 минути читање

Барселона очајно посакува да го продаде Де Јонг и покрај тоа што изјавите на Лапорта во јавноста околу овој случај се благи.

Досега Манчестер јунајтед се бореше да дојде до потписот на Де Јонг, но тој постојано ги одбиваше. Холанѓанецот нема намера да се пресели на Олд Трафорд.

Но, можно е сепак да заврши во Премиерлигата бидејќи според „Спорт“, Барселона и Челси почнале преговори.

Де Јонг сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампионите и има капацитет да се бори за трофеи, па му дава предност на Челси во однос на Манчестер јунајтед.

Барселона од Челси ги сака Маркос Алонсо и Цезар Аспиликуета, па не е отфрлена можноста тие да бидат дел од трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани