Според
информациите кои ги објави Ел Конфиденсиал, се вели дека Барселона и Реал
Мадрид не ги кријат импресиите од изданијата на Џовани Ло Селсо, кој сезонава
настапува како позајмен во Бетис од редовите на ПСЖ.
24 годишниот
Аргентинец со италијански пасош на 20 натпревари успеа да постигне пет
погодоци, а фудбалерот од средниот ред во моментов е најефикасен во својата
екипа која има изгледна прилика за излез во Европа идната сезона.
Неофицијалните
информации велат дека Барселона и Реал Мадрид веќе почнале преговори со Ло
Селсо околу опцијата тој да остане и во иднина во Примера, сепак, Бетис ја има
опцијата да го откупи неговиот договор со ПСЖ, а сумата наводно е околу 25 милиони
евра.
Се верува дека
постои клаузула во договорот помеѓу Бетис и ПСЖ, во која се вели дека доколку
шпанскиот прволигаш избори излез во Европа за идната сезона, опцијата за Бетис
веднаш да биде активирана.
Ло Селсо има
важечки договор со ПСЖ до 2021. година, а неговата позајмица во Бетис истекува
на лето, а Спорт пишува дека Барселона е клубот кој прв пријавил интерес за
него, Каталонците го понудиле и Хуан Миранда, а наводно Реал Мадрид му понудил на Бетис Тео Ернандез и Ахраф Хамики на позајмица од две сезони.