Барса и официјално се раздели со Сетиен, се чека потврда на Куман за нов тренер

by
1 минути читање

На Кике Сетиен му
се закануваше отказ уште кога „каталонците“ ја загубија битката со Реал Мадрид
за титулата во Ла Лига, а на сите им беше јасно дека тој ќе добие клоца по историскиот
пораз од Баерн Минхен и срамните 8-2 во Лигата на шампиони.

Вечерва пристигна
и официјална потврда, Барселона соопшти дека Кике Сетиен е разрешен од
функцијата тренер. Клубот од Камп Ноу порача дека ова е само првата промена од големата реконструкција што ќе следи, и во следните денови
ќе биде именуван новиот тренер.

Голем број на
извори пренесуваат дека Роналд Куман ќе седне на жешкото солче и се пеглаат последните детали со Холанѓанецот.

Во меѓувреме, исто така беше соопштено дека изборите за нов претседател ќе се одржат во март 2021 година. Се веруваше дека ќе има смена на раководството уште ова лето, но Жозеп Мариа Бартомеу ќе остане на чело на клубот и во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×