Барса и Челси ја договорија трампата Обамејанг/Алонсо, продолжуваат да преговараат за уште еден трансфер

by
1 минути читање

Во последниот ден
од преодниот рок често се случуваат изненадувачки зделки, една од нив може да
биде преселба на Мемфис Депај на „Стемфорд Бриџ“.

Откако Барселона
и Челси договорија трампа Маркос Алонсо за Пјер Емерик Обамејанг („сините“ плус
ќе доплатат 12-14 милиони евра), медиумите од Шпанија пренесуваат дека
преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат и на маса е името на Мемфис Депај.

Холанѓанецот не е
во плановите на Чави, доби дозвола да замине од Камп Ноу, беше блиску до
преселба во Јувентус, но зделката пропадна во последен момент.

Потоа имаше
гласини за преселба во Манчестер јунајтед, но и од тоа ништо не испадна, па
сега се укажува нова шанса за трансфер.

Останува да се
види дали нешто ќе може да биде договорено во последните часови од летниот
преоден рок.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×