Цезар Аспиликуета ќе продолжи во Челси, ништо од неговиот трансфер во Барселона. Новиот сопственик на Сините, Тод Боели го убедил бекот да остане и му понудил нов договор кој наскоро ќе биде потпишан.
Челси побара од Барселона 10 милиони евра за Аспиликуета знаејќи дека таа сума е превизока за дефанзивецот на кој договорот му истекуваше следното лето.
„Челси побара од Барселона сума која далеку повисока од пазарната во сите можни варијанти, тоа го направија бидејќи не сакаат да го продадат Аспиликуета“, извор близок до Челси и фудбалерот изјави за шпанскиот весник.
Аспиликуета имал договор со Марина Грановскаја да го пушти ова лето да замине од Челси, но таа веќе не е во клубот, сега има друго раководство и работите се променети.
Аспиликуета имал разговори со Чави кој го убедувал да оди на Камп Ноу, но Барселона не запна силно за да го донесе него, а тој нема намера да ги чека па одлучил да продолжи во Челси.