Витор Роке е нов фудбалер на Барселона, клубот од Камп Ноу попладнево соопшти дека е постигнат договор со Атлетико Паранаенсе.
Детали не се откриваат, а како што пишуваат медиумите, Барселона ќе плати 30 милиони евра како фиксен дел, плус бонуси од 26 милиони евра поврзани со настапи, голови и титули, плус бонус од 5 милиони евра доколку напаѓачот се најде во топ три во изборот за „Златна топка“.
Како што стојат работите во моментов, Витор Роке ќе биде засилување за Чави дури следната сезона, Барса соопшти дека очекува напаѓачот да им се придружи за сезоната 2024/25.
Постои можност тој да пристигне и ова лето, евентуално во јануари 2024 година, но Барса ќе треба да продаде неколку фудбалери.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.