73
Осман Дембеле денеска го комплетираше трансферот во ПСЖ во зделка вредна 50,4 милиони евра.
Од оваа сума, половина требаше да биде за Барселона, а половина за играчот и неговиот агент.
Сепак, „каталонците“ поминале подобро, неколку извори од Шпанија пренесуваат дека клубот од Камп Ноу го оставил агентот на напаѓачот со празни раце и не му исплатил ниту едно евро.
За Осман Дембеле се одвоени 15 милиони евра, па во клупската каса ќе завршат 35,4 милиони евра.
Сепак, Барса може да заврши на суд, агентот на Осман Дембеле различно ги толкува одредбите од договорот и смета дека и него му следува милионска исплата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.